Top Sport

Го одржа ветувањето, Жиру го смени имиџот

Францускиот репрезентативец, Оливие Жиру, пред почетокот на Светското првенство, вети дека ќе се шиша на „кец“, доколку Франција ја освои титулата и си го одржа зборот.

Еден новинар веднаш по завршувањето на финалниот меч се обиде да го натера веднаш да го исполни ветувањето, но Жиру успеал да се извлече.

Сепак една недела подоцна тој се појави со новата фризура, а фотографијата ја објави на „Твитер“.

Scroll to Top