Top Sport

„Го победив Мино Рајола“

Поранешниот спортски директор на Милан, Масимилијано Мирабели, тврди дека ќе влезе во историјата како единствениот човек што успеал да го „победи“ фудбалскиот менаџер Мино Рајола.

Мирабели беше спортски директор на Милан, во периодот кога голманот Џиџи Донарума го потпишуваше својот договор.

Во 2017 година, медиумите му посветија многу простор на овој договор бидејќи Рајола се обидуваше да најде нов клуб за голманот, во обид да извлече повеќе пари. Рајола тогаш стана и му рече да не потпишува ништо, односно дека најдобро би било да го напуштат состанокот“, открива Мирабели.

„Продолжувањето на договорот со Донарума беше мајсторски потег. На менаџерот не му плативме никаква провизија. Последниот ден од преодниот рок се сретнавме со неговото семејство и претставници.

Сепак работите тогаш добиле посакуван тек за Милан.

„Кога тој го напушти состанокот, Џиџи го седе пенкалото и го потпиша договорот. Го победив Рајола. Такво нешто нема да се случи во блиска иднина. Сите се чудеа зошто Донарума пишуваше се и сешто по социјалните мрежи, а потоа ги бришеше своите зборови. Рајола го тераше да пишува такви работи, а јас му говорев да ги избрише“, завршил поранешниот спортски директор на Милан.

Scroll to Top