Арсен Венгер речиси една година е без работа, откако минатото лето по 22 години замина од Арсенал. Искусниот тренер од наредната сезона планира да се врати на тренерската работа.
„Тајмс“ пренесува дека Венгер ќе се врати, но не во Премиер лигата, бидејќи од почитта што ја има кон Арсенал не сака да тренира ниту еден клуб во Анлија.
Истиот извор наведува дека Венгер имал четири понуди за работа. Пари Сен Жермен му го понудиле местото спортски директор, а за неговите услуги биле заинтересирани два врвни европски клуба и еден национален тим.
На своите пријатели Венгер им рекол дека му недостигаа секојдневните обврски и дека повеќе сака да биде тренер на клуб отколку на репрезентација.