Top Sport

Го потцени ли Ковач мечот со Звезда, Баварците се слободни на ден пред дуелот?

Фудбалерите на белградска Црвена Звезда утре во Минхен, на „Алијанц Арена“ против Баерн го играат мечот од 1 коло ид групата Б во Лигата на шампиони

За разлика од германската полиција која е на готовс пред пристигнувањето на „Делиите“ во Минхен, се чини дека од баварскиот клуб не му придаваат големо значење на мечот.

Хрватскиот стратег на клупата на Баерн, Нико Ковач вчера ја шокираше домашната јавност кога соопти дека денеска, на ден пред воведниот меч од ЛШ, играчите ќе имаат слободен ден. Наводно, одлуката е по договор со кондициониот тренер на екипата, а заклучокот бил дека на играчите им треба одмор по викенд мечот со Лајпциг (1-1).

Останува утре да се види дали овој потег на Ковач е оправдан или потценувачки.

Scroll to Top