Top Sport

Бобан: Интер е фаворит на „Дерби дела Мадонина“!

По неделата посветена на Лигата на шампиони и Лигата на Европа, наредниот викенд во Италија на програмата е дербито во Италија меѓу Интер и Милан, популарното „Дерби дела Мадонина“.

Спортскиот директор на „росонерите“, Звонимир Бобан статусот фаворит му го препушта на противникот. Тој смета дека треба уште време за работите да дојдат на свое место во Милан.

„Сега сме на почетокот на процесот и Интер е во тој дуел фаворит во однос на нас иако дербито секогаш е отворен меч. Во текот на дербито мора да знаете да ги исконролирате емоциите, јас тоа скапо го платив во мојата играчка кариера. Ќе ни треба уште време, по 2-3 тренинга ќе почувствувате дека тоа е тоа, дека добро се разбирате. Интер игра 3-5-2 формација што е полесно за играње отколку со 4 играчи во дефанзивата“ – вели Бобан.

Хрватот вели дека не сака да се меша во изборот на тренерот за тоа кој ќе игра, а кој ќе биде на клупа.

„Нови играчи во дербито? Тренер е Марко Џампаоло, прашајте го него“ – вели спортскиот директор.

Scroll to Top