Top Sport

Го прекршил здравствениот протокол, Нејмар би можел да го пропушти финалето

Нејмар би можел да го пропушти финалниот натпревар во Лигата на шампионите. Светските медиуми пипуваат дека тој ќе биде казнет од УЕФА бидејќи ги прекршил здравствените протоколи.

Бразилецот по полу-финалниот меч со Лајпциг го разменил дресот со Марсел Халсренберг. УЕФА во својот здравствен протокол донесен кој важи на завршниот турнир во Лисабон го забранува ова, предвидена е суспензија од еден натпревар и 12 дневен карантин.

Доколку УЕФА се држи до својот правилник и го суспендира Нејмар тоа ќе биде голем удар за ПСЖ.

Нејмар во кариерата во Лигата на шампионите има одиграно 59 натпревари, постигнал 35 гола и забележал 24 асистенции.

 

Scroll to Top