Top Sport

Го продале за еден милион, сега Ливерпул ќе го враќа назад за 45 милиони евра

Јирген Клоп во јануарскиот преоден рок сака дополнително да го засили тимот. Германецот сака да додаде уште некој играч во ротацијата, во обидот да ја освои шампионската титула во Премиер лигата.

Англиските медиуми како потенцијално засилување го спомнуваат името на Шпанецот Сусо (25), кој игра во Милан. Се шпекулира дека цената на овој фудбалер изнесува 45 милиони евра.

Интересно, Сусо, како тинејџер бил дел од академијата на Ливерпул, а за првиот тим има одиграно 21 натпревар, но очигледно е дека „црвените“ не го препознале талентот на Сусо.

Поради тоа, тој во 2015 година е продаден во Милан за само еден милион евра.

Scroll to Top