Top Sport

Кари ги раздвижи Вориорс, Јокиќ блескаше против Мемфис (Видео)

Изминатата ноќ во НБА лигата се одиграа 11 натпревари кои донесоа многу возбудувања и брилијантни индивидуални изданија на Стеф Кари, Карл-Ентони Таунс, Леброн Џејмс, Никола Јокиќ и Пол Џорџ.

Голден стејт Вориорс против Минесота Тимбервулвс славеа со 116:108. Стартот на натпреварот кога Вориорс поведоа со 13.0 и крајот на третата четвртина кога домаќинот ја врати двоцифрената разлика (91:77) го одредија победникот.

Стеф Кари постигна 38 поени, со седум скока и шест асистенции, а Клеј Томпсон го следеше со 26 коша. На спротивната страна Карл-Ентони Таунс имаше 31 поен и 11 скока.

ЛА Лејкерс во неизвесен финиш ги совладаа Мајами Хит 108:105. Леброн Џејмс против својот поранешен тим беше на чекор до трипл-дабл (28 поени, девет скока, 12 асистенции). Инаку, најефикасен кај Лејкерси беше Кајл Кузма со 33 поени.

Никола Јокиќ доминираше во победата на Денвер Нагетс над Мемфис Гризлис 105:99. Српскиот центар натпреварот го заврши со 27 поени, 12 скока и шест асистенции).

Оклахома Тандер славеа во дуелот против Јута Џез 122:113. Блескаше Пол Џорџ со 31 поен, тој погоди осум од десетте удари од поле.

Далас Маверикс убедливо славеа над Орландо Меџик 101:76. Сензационалниот руки, Лука Дончиќ мечот го заврши со седум поени, 11 скока и девет асистенции.

Резултати:

Инсијана Пејсерс-Вашингтон Визардс 109:101
Филалделфија ’76-Детроит Пистонс 116:102
Бостон Селтикс-Њу Орлеанс Пеликанс 113:100
Чикаго Булс-Сакраменто Кингс 89:108
Милвоки Бакс-Кливленд Кавалирс 108:92
Феникс Санс-ЛА Клиперс 119:123

Scroll to Top