Top Sport

Го провоцираа Халанд – добија предупредување

Дисциплинската комисија на УЕФА испрати предупредување до Пари Сен Жермен поради непримерното однесување на фудбалерите на овој клуб за време и по натпреварот со Борусија Дортмунд, одигран во Париз, во рамките на осмина-финалето во Лигата на шампионите.

ПСЖ во реваншот со Борусија влезе со негатива 1:2, на крајот „светците“ славеа со 2:0 и се пласираа во четврт-финалето.

Од тој меч медиумите ја критикуваа колективната прослава на вториот гол. Со прославата играчите на ПСЖ го провоцираа младиот напаѓач на Дортмунд, Ерлинг Халанд.

Провокацијата биле одговор на ПСЖ за изјавата на Халанд дека Париз е негов град.

Фудбалерите на ПСЖ му испратија на порака на Халанд во текот на мечот но и потоа, во соблекувалната, а таа фотографија го обиколи светот.

УЕФА гесто го оценила како непримерен за кој што еден клуб може да биде казнет, но овој пат тие решија само да испратат предуредување.

Scroll to Top