Top Sport

„Разочараниот Ибрахимовиќ заминува од Милан“

Златан Ибрахимовиќ по завршувањето на сезоната ќе го напушти Милан, тврди „газета дело Спорт“. Ветеранот според договорот е врзан за Милан до 30 јуни.

Ибрахимовиќ претходно најави дека ќе разговара за продолжување на соработката, но го сменил мислењето откако Звонимир Бобан доби отказ, а наскоро истата судбина ќе го снајде и Паоло Малдини.

Според информациите на „Газета дело Спорт“, Ибрахимовиќ повеќе не бил во контакт со клупските челници, туку комуницирал само со тренерот Стефано Пиоли.

Инаку додека трае паузата во Серија А што ја предизвика коронавирусот, Ибрахимовиќ со семејството се наоѓа во Малме.

Scroll to Top