Top Sport

Го сакаат во Јуве и Самп, ама Болоња не го пушта така лесно!

Српскиот фудбалски тренер, Синиша Михајловиќ е на цена во Италија, го бараат најголемите клубови, но спортскиот директор на Болоња, Валтер Сабатини е подготвен на се само да го зачува стратегот во својот тим.

Информациите од „Чизмата“ се дека Михајловиќ е еден од кандидатите за наследник на Пирло во Јувентус, а и во Сампдорија би сакале да го видат на клупата.

Се чини дека желбите на популарниот Миха се да настапува со Болоња во европските натпреварувања, но со овој тим што го има на располагање, тоа се чини невозможно.

Затоа Сабатини открива дека Болоња подготвува спектакуларен преоден рок.

„Синиша никогаш не бара некои големи имиња, туку карактеристика на играчи кои би му помогнале. На фудбалот гледаме со исти очи, имаме иста идеја за нашиот понатамошен пат, во рамки на економските можности“ рече Сабатини.

Засега со Болоња се поврзуваат неколку големи имиња.

Ерик Ламела од Тотенхем нема преголема минутажа кај Мурињо, па сака да замине. Србинот со австриски пасош, Марко Арнаутовиќ исто така е едно од потенцијалните засилувања за Болоња.

„Сакаме да ангажираме 2-3 врвни играчи“ напомена Сабатини.

Scroll to Top