Реал Мадрид биле подготвени на договор со Јувентус, во врска со Иско, објави во саботата „Тутоспорт“. Реал би се откажале од Иско но само доколку го добијат Паоло Дибала.
Иско е незадоволен од третманот што го има кај новиот тренер Сантијаго Солари и наводно побарал трансфер. Реал не сака да го продаде, а во светот не постои клуб што би ја платил откупната клаузула која изнесува 750 милиони евра.
Јувентус се заинтересирани за Иско, исто како и Манчестер сити, а во Реал смислиле на кој начин Шпанецот може да го напушти клубот.
Реал ќе се откаже од услугите на Иско и ќе му овозможи трансфер во Јувентус само доколку го добие Паоло Дибала.
Прашање е дали оваа размена е возможна, но стои фактот дека двата клуба успешно соработуваа во летниот преоден рок кога од Мадрид во Торино се пресели Кристијано Роналдо.