Top Sport

Го „телепортираа“ Санти Казорла

Санти Казорла летово се врати во Виљареал, а неговиот старо-нов клуб, по приреди неверојатна презентација пред стартот на новата сезона.

Казорла се врати во Виљареал од Арсенал, каде имаше многу проблеми со повредите, а во еден момент тој се наоѓаше и пред завршување на кариерата. Поради повредата на Ахиловата тетива тој во Арсенал имаше осум операции.

Пред неколку недели тој им се приклучи на Виљареал, веќе одигра и еден натпревар, дури потоа клубот официјално им го претстави на навивачите и тоа со магионичарски трик.

Магионичар, со трик, го „телепортираше“ Казорла на стадионот „Керамика“, а потоа тој ги поздрави навивачите.

„Се вратив дома. Благодарност до сите во Виљареал за поддршката и за тоа што вратата на овој клуб секогаш беше отворена за мене“, рекол Казорла.

Scroll to Top