Top Sport

Пред пет години им порачал да се е… а денес го бакнува грбот

Навивачите на Атлетико Мадрид му ја освежија меморијата на голманот Тибо Куртоа какви песни им пеел на „мадридистите“ додека бил играч на Атлетико.

Белгиецот, во периодот од 2011 до 2014 година, како позајмен играч од Челси бранеше за Атлетико. Со „јорганџиите“, Куртоа во 2013 година го освои Купот на Кралот.

Тогаш од балконот на градското собрание во Мадрид пеел навредлива песна “salta, salta, salta pequeno canguro y a los madridistas…”, во која дел од текстот, спомнат во насловот е полн со навреди за навивачите на Реал.

Пет години подоцна, Куртоа го бакна грбот на Реал, во кој пристигна од Челси за 35 милиони евра.

На промоцијата неизбежно било и новинарско прашање, поврзано со песната што ја пеел Куртоа пред пет години.

„Тогаш бев многу млад. Дозволив да ме понесе моментот, поради тоа барам прошка. Ќе дадам се од себе за грбот на Реал“, рекол Белгиецот.

Scroll to Top