Двајца навивачи на Бока Јуниорс брутално убиле навивач на ривер Плата по завршувањето на финалето во Копа Либертадорес. Титулата ја освои Ривер Плата со победата од 3:1.
Есекјел Арон Нерис, 21-годишен навивач на ривер Плата, бил убиен во провинцијата Мисионес кога се враќал дома од прославата на континеталната титула на тимот за кого навива.
Нерис бил нападнат од двајца навивачи на ривалскиот клуб, кои најпрвин брутално го претепале, а потоа го прободеле со нож, со што му го задале смртоносниот удар. Напаѓачите ја пресекле бутната артерија на несреќното момче.
Есекјел, кој бил облечен во дрес на Ривер Плата, во тешка состојба, веднаш бил префрлен во најблиската болница, но каде што починал бидејќи загубил премногу крв.
„Го убија, а тој само шетал. Умирам, умирам, ме нападнаа бидејќи ја славев титулата, бидејќи сум навивач на Ривер“, г открила последните зборови на убиеното момче, неговата мајка.
Таа рекла дека тој тешко се движел и не можел да се брани, бидејќи неколку месеци претходно се повредил кога паднал од мотор.
Полицијата од провинцијата Мисионес потврдила дека нападот го извршиле две лица, навивачи на Бока Јуниорс, на возраст од 18 и 22 години.