Top Sport

„Момци имате попладневен тренинг за Божик“

Жозе Мурињо решил да ги казни своите играчи за лошите изданија оваа сезона, особено за поразот кај Валенсија (2:1), во Лигата на шампионите.

Како што пишуваат англиските медиуми, играчите биле непријатно изненадени кога тренерот им соопштил дека на Божик (25.декември) ќе одржи попладневен тренинг.

Наместо вечерните часови да ги минат во кругот на семејствата и пријателите, фудбалерите на Манчестер Јунајтед ќе тренираат од 17 часот, во Керингтон, на 25.декември, а потоа сите заедно ќе одат на вечера во хотелот Ловри, каде ќе преспијат, бидејќи наредниот ден ги очекува натпреварот против Хадерсфилд на „Олд Трафорд“.

Пред дуелот со Хадерсфилд, Манчестер Јунајтед ќе гостуваат во големото дерби кај Ливерпул, в недела од 17.часот, а на 23.декември ќе го пречекаат Кристал Палас.

„Црвените ѓаволи“ лошо стојат на табелата, по 16 рунди имаат 26 бода, што им е доволно за шестото место. Од четвртото, последно што води во Лигата на шампионите, тимот на Мурињо е оддалечен осум бода.

Scroll to Top