Top Sport

Го видовте ли супер-автоголот на Мукиеле?

Манчестер сити имаат 3:1 водство против РБ Лајпциг по првото полувреме од првото коло во Лигата на шампионите, а најинтересниот момент дојде во 28. минута, кога беше постигнат еден од најубавите автоголови во историјата на елитното европско натпреварување.

Несреќникот беше францускиот дефанзивец на Ред бул, Норди Мукиеле, кој очигледно не успеа да одолее на фантастичното нафрлање на Кевин де Брујне, и успеа совршено да го матира сопствениот голман.

Scroll to Top