Карло Анчелоти има главна улога во божиќниот календар на Баерн Минхен, иако беше отпуштен од клубот на почетокот на септември.
Насмеаниот Италијанец има централна улога во календарот со чоколада со кој се одбројуваат деновите до Божиќ, на местото број 19., каде што вечера со Давид Алаба на масата.
Германскиот весник „Билд“ објавува дека на фановите на Баерн ќе им бидат доделени нови сликички, со кои ќе го заменат Анчелоти со актуелниот тренер Јуп Хајнкес, слично како што направија шефовите на Баерн.