Top Sport

Гобељиќ: Што ајде? Не е..т како ќе стигнат (Видео)

Фудбалерите на Црвена звезда вчера беа елиминирани во полу-финалето на Купот на Србија од најголемиот ривал Партизан. Голот кој го постигна Израелецот Натхо им беше доволен на црно-белите да се пласираат во финалето каде противник ќе им биде Војводина.

Црвена звезда ја освои шампионската титула, ќе игра квалификации за пласман во Лигата на шампионите, меѓутоа елиминацијата во Купот претставува сериозен удар за избраниците на тренерот Дејан Станковиќ.

По завршувањето на натпреварот црвено-белите фудбалери пред северната трибина ги поздравија своите навивачи, капитенот Милан Борјан се обидел да ја крене атмосферата, на што левиот бек Марко Гобељиќ одговорил.

„Што сега? Не е..т како ќе стигнат! Што ајде?“

Зборовите на Гобељиќ ги забележа една од камерите на атлетската патека.

Scroll to Top