Top Sport

Гризман: 11 победи ни ја гарантираат титулата

Антоан Гризман, напаѓачот кој не се прослави во досегашниот тек од сезоната по трансферот за кој Барселона плати 120 милиони евра, верува дека на крајот тој и неговите соиграчи ќе се радуваат на шампионската титула.

Светскиот првак со Франција минатото лето од една причина го напушти Атлетико, има голема желба да ја освои Примера.

До крајот на сезоната во Шпанија останаа 11 кола, а на табелата Барселона има два бода повеќе од Реал Мадрид.

Гризман има рецепт како Барселона да го одбие нападот на Реал.

„Сите знаеме како стоиме на табелата. Имаме уште 11 натпревари и доколку победиме во сите ќе бидеме шампиони. Мислам дека сме подготвени за таков подвиг. Подготвени сме да уживаме во фудбалот и да го освоиме трофејот. Лично сакам да победам на сите натпревари до крајот и да уживам на теренот“, рекол Гризман за клупската интернет страница.

Scroll to Top