Top Sport

Годин остана без заби (Видео)

Атлетико Мадрид синоќа во дербито на 22.коло во Ла Лига ја победи Валенсија 1:0, а покрај голот кој го постигна Анхел Кореа по еден час игра, дуелот го обележаа повредите на централните дефанзивци на „јорганџиите“, Стефан Савиќ и Диего Годин.

Савиќ теренот поради повреда на мускулот на десната нога теренот го напушти во првото полувреме, а во второто од игра мораше да излезе и Диего Годин откако по дуелот со голманот на Валенсија Нето остана без три заби.

Уругвајскиот дефанзивец, како што соопшти дека Годин е мора да посети максиофацијален хирург, а операцијата ќе биде извршена утре.

Жестокиот судар во кој Нето ја промаши топката, но не и главата на Годин, главниот судија не го забележа, а многумина во Шпанија сметаат дека во оваа ситуација требаше да биде досуден пенал за Атлетико.

Scroll to Top