Top Sport

Нејмар го прослави 26. роденден (Фото)

Бразилскиот напаѓач од ПСЖ, Нејмар, синоќа во Париз го прослави 26. роденден. Нејмар за пријателите оргинзираше голема забава.

Нејмар забавата ја приредил во еден ресторан во француската метропола, а според информациите на журката имало преку 100 луѓе, од кои 50 допатувале од Бразил.

На забавата биле присутини и неговите соиграчи од ПСЖ кои не штеделе на подароците. Сепак во Париз немали ниту еден од неговите поранешни сограчи од Барселона, бидејќи Каталонците вчера го играа дуелот со Еспањол.

Нејмар имал желба забавата да ја организира вечерва, но тренерот Унаи Емери и челниците на клубот му порачале дека поради обврските кон клубот тоа е невозможно.

Scroll to Top