Top Sport

Годин: Жоао Феликс никогаш не сфати каков клуб е Атлетико Мадрид

Легендатата на Атлетико Мадрид, Уругваецот Диего Годин вели дека непостојаните четири години на Жоао Феликс на „Метрополитано“ покажале дека тој не го разбрал клубот.

23-гоишниот Феликс, за кого Атлетико плати вистинско богатство за трансферот од Бенфика, конечно, почна да покажува дел од талентот по позајмицата во Барселона, а која има три гола и една асистенција во два меча.

„Дали ме боли што победува со Барса? Па, играше еден меч. Не, два, така што е прерано да се зборува. Прво да признаам дека не го познавам, не сум се сретнал со него. Вистина е дека не му недостасува талент. Но, не го сфати клубот, не сфати што претставува Атлетико Мадрид и што се очекува од него, од тренерот и од навивачите“, вели Годин.

Scroll to Top