Top Sport

Чави: Потребна е дополнителна работа да се „поправи“ Барса

Откако повеќето шпански медиуми тврдат дека Чави Ернандез веќе потпишал едногодишно продолжување на договорот со Барселона, трнерот вели дека е потребно дополнително време и многу работа да се „поправи“ клубот по падот по заминувањето на Лео Меси.

Чави ќе остане во Каталонија барем до 2025 година, откако лани ја врати титулата од Ла лига, и инистирал на краткотраен договор бидејќи сметал дека неговата иднина треба да зависи од работата која ја завршил.

„Дојдовме во клубот во тешко време. Клубот беше во опасна ситуација, спортска, финансиска и психолошка. Сега стигнавме дотука со многу работа, од претседателот, спортсиот директор до играчите. Клубот е во процес на развој и изградба. Оваа сезона мораме да работиме со оглед на титулите од Ла лига и Суперкупот, за да имаме уште подобра иднина“, вели 43-годишниот Чави.

Scroll to Top