Top Sport

Гол и асистенција на Несторовски за Удинезе, Калјари испадна од Серија А

Македонскиот интернационалец Илија Несторовски со гол и асистенција се прости од дресот на Удинезе на дуелот против Салернитана. Гостите славеа со 0:4, а Несторовски постигна убав гол со глава во 34.минута и во второто полувреме забележа асистенција за Роберто Переира. Останатите голови ги постигнаа Жерар Делофеу и Удоџи.

Сепак, и покрај поразот, Салернитана обезбеди опстанок откако Калјари ремизираше без голови на гости кај Венеција. На крајот, Калјари се сели во понизок ранг на натпреварување.

Scroll to Top