Top Sport

Гол-машината Халанд пак ги „удри“ Севилја – има девет гола во шест меча во ЛШ оваа сезона!

Голгетерската серија на норвешкото „чудо“ Ерлинг Халанд, откако тој ги донесе Борусија Дортмунд во водство од 1:0 против Севилја во реваншот од осминафиналето на Лигата на шампионите.

Голот во 35. минута од мечот, е неверојатен деветти гол во шест натпревари од Лигата на шампионите оваа сезона за Норвежанецот, а ова е трет гол што им го дава на Севилја, откако постигна два при 3:2 гостинската победа, со што Дортмунд се многу блиску до четврт-финалето.

Scroll to Top