Top Sport

Халанд вторпат даде гол против Севилја па го провоцираше голманот Буну

Борусија Дортмунд ќе може да заработат „куп пари“ на Ерлинг Халанд, откако младиот Норвежанец го продолжи своето шоу во Лигата на шампионите, давајќи им втор гол на вечерашниот меч на Севилја (2:0 во моментов) и вкупно четврти во двата меѓусебни дуели.

Откако прво во 35. минута им донесе 1:0 водство на „милионерите“, во 48. минута од мечот, тој постигна уште еден гол од игра, но тој беше поништен поради офсајд, за само шест минути подоцна да добие шанса да го поправи скорот со гол од пенал, со кој Борусија сега има вкупно 5:2 водство против андалузискиот клуб.

Гол-машината Халанд пак ги „удри“ Севилја – има девет гола во шест меча во ЛШ оваа сезона!

Scroll to Top