Top Sport

Гол на Гризман – Атлетико победи на „Сан Мамес“

Атлетико Мадрид триумфално мина низ Билбао, во саботното дерби во Примера. На „Сан Мамес“, Атлетико славеше со голот на Антоан Гризман на почетокот на второто полувреме.

Ернесто Валверде тренерот на Билбао, никогаш во кариерата како тренер на клубот од Баскија го нема победено Атлетико со Чоло Симеоне. Аргентинецот против Валверде има 10 победи и четири нерешени резултати. Единствените победи над Симеоне му се со Барселона.

Тензичен натпревар одиграа Атлетик и Атлетико, голема улога во она што се случувше на теренот имаше судијата Васкез.

Атлетик го имаше поседот на топка, но одбраната на Атлетико во која се истакна фудбалерот од Мозамбик, Реинилдо Мандава, успеа да го сочува голот кој го бранеа Облак и Грбиќ.

Словенецот во 70.минута мораше да го напушти теренот, откао пет минути претходно грубо врз него стартуваше Беренгер.

ВАР во првиот дел го помипти голот на ЛАваро Мората, наводно пораи прекршок врз Иниго Мартинез. Видео-асистентот се јави и во 89.минута кога ја поништи одлуката на Васкез кој досуди пенал за домашниот тим.

Повторената снимка покажа дека Реинилдо со глава го одбрани својот гол.

Решавачкиот момент на натпреварот се случи во 47.минута, кога акцијата на Де Пол и Молина, по додавањето од Мората во гол ја претвори Гризман.

За францускиот ас ова беше јубилејниот 100. гол за Атлетико во првенството на Шпанија.

Атлетико со оваа победа го скокна ривалот од Баскија на табелата. „Јорганџиите“ сега се трети со 19 поени, три помалку од лидерите Барселона и Реал. Билбао со вториот пораз сезонава остана на четвртото место со 17 бода.

Scroll to Top