Top Sport

Гол од центар низ нозете на голманот (Видео)

Фудбалерите на Брентфорд славеа убедлива победа во Хал 5:1. Сепак убедливиот триумф не е тема во Чемпионшип дивизијата, туку голот што го прими голманот на Брентфорд

Давид Раја во 29 минута прими гол од пола терен, откако топката мина низ неговите нозе. Дефанзивецот на Хал Трафанзоти се обиде со длабинска топка да го проигра својот напаѓач, меѓутоа топката беше толку непрецизна колку што голманот Раја беше деконцентриран.

Не успеа да ја фати топката, која на крајот заврши зад неговиот грб.

Овој кикс сепак не влијаеше врз резултатот.

Scroll to Top