Top Sport

Нови два гола за Халанд, Баерн лесно со Мајнц (Видео)

Ерлинг Халанд постигна два гола во својот прв меч како стартер за екипата на Борусија Дортмунд. „Милионерите“, лесно, славеа во дуелот со Унион Берлин 5:0. Сигурна победа во ова коло забележа и Баерн во Мајнц.

Баерн барем на неколку часа го мина Лапјциг на првата позиција. Лајциг допрва треба да го одигра својот меч со Борусија Менхенгладбах.

Левандовски, Милер и Алкантара ги постигнаа головите за Баерн во првото полувреме, со кои Баварите победија во Мајнц 3:1.

Борусија испорача „петарда“ во мрежата на Унион Берлин. Тинејџерите Санчо и Халанд ги постигнаа првите два гола, потоа погодија искусните Ројс и Витсел, серијата ја заврши Халанд.

Резултати:

Аугсбург-Вердер 2:1
Фортуна-Ајнтрахт 1:1
Хофенхајм-Баер Леверкузен 2:1

Scroll to Top