Top Sport

Гол од пола терен, Кејн го победи Јувентус (Видео)

Фудбалерите на Тотенхем и Јувентус одиграа натпревар во Сингапур, во рамките на Меѓународниот Куп на шампионите. За двата тима ова беше прв натпревар во подготвителниот период.

Дуелот го обележа напаѓачот на Тотенхем, Хари Кејн, кој на истекот на времето постигна спектакуларен гол од пола терен и го постави конечниот резултат Тотенхем-Јувентус 3-2.

Првиот гол на мечот го постигна Ерик Ламела во 30 минута. Во вториот дел Маурицио Сари направи четири, а Маурицио Покетино пет измени.

Израмни Гонзало Игуаин во 56, а само четири минути подоцна Кристијано Роналдо го комплетираше пресвртот на „старата дама“.

Лукас Моура во 65 минута израмни на 2-2, а потоа на сцена стапи Кејн.

Наредниот ривал на Тотенхем ќе им биде Манчестер Јунајтед, а Интер ќе игра противн Јувентус.

Scroll to Top