Top Sport

Клоп не можел да поверува какво прашање добил (Видео)

За новинарската фела еден од омилените соговорници е тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп. Прес конференциите на Германецот никогаш не се здодевни.

Една од интересните прес конференции се случи по мечот помеѓу Ливерпул и Борусија Дортмунд (2-3), во рамките на Меѓународниот куп на шампионите.

На крајот од прес конференцијата еден од новинарите му поставил прашање што немало врска со натпреварот. Рекол дека е мала веројатноста повторно да се сретнат и го замолил да му дозволи да го прегрне.

Изненаден тој тргнал кон новинарот и со насмевка му рекол.

„Изгледаш како мој е..н двојник“.

Scroll to Top