Top Sport

Гол од сомнителен пенал – Барселона го победи Еспањол

Чави дебитираше со победа на клупата на Барселона, но барем засега не успеа да ги реши проблемите во играта, особено во дефанзивата. Барселона со гол од сомнителен пенал го победи градскиот ривал Еспањол, кој според прикажаното и шансите не заслужи пораз на „Ноу Камп“. Сивирежите во одделни делови од натпреварот јасно му кажаа на Чави дека неговиот тим е далеку од посакуваната игра.

Барселона ерата на Чави ја започна со ангажирана игра. Депај најмногу се обидуваше да го загрози голот на Еспањол, но првиот дел заврши без голови. Ќе остане забележано дека Барса имаше 11 обиди кон голот на ветеранот Диего Лопез, најмногу оваа сезона во Ла Лига. Судијата Дел Серо Гранде пропушти да досуди пенал за Барса во 17.минута по стартот врз Гонзалес.

Се чини дека компезираше во 49.минута, кога покажа на белата точка. Старт врз Депај немаше, а наместо жолт картон за симулирање, Де Серо Гранде досуди пенал. Депај ја реализираше најстрогата казна.

До крајот на мечот Барселона успеа да се одбрани. Во последните десет минути Де Томас два пати ја погоди стативата, а Димата го промаши она што не се промашува.

Scroll to Top