Top Sport

Гол-првенец на Чурлинов за Штутгарт (Видео)

Македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов го постигна својот прв гол Цвајта.Фудбалерот на Штутгарт ја потврди победата на својот тим во 88 минута на тешкото гостување во Дрезден.

„Швебите“ славеа над Динамо со 2:0, а покрај Чурлинов гол постигна и Ал Гадиуи во 18 минута. Чурлинов на теренот влезе во 57 минута.

Штутгарт со овие три бода ја задржа втората позиција на табелата која носи директен пласман во Бундеслигата. „Швабите“ имаат 51 бод, два повеќе од ХСВ и три од Ханденхајм. Лидер во Цвајта е Арминија Билефелд со 56 поени.

Scroll to Top