Top Sport

Лајпциг ја одредиле цената за Вернер, понуди се уште нема

Извршниот директор на РБ Лајпциг Иливер Минцлаф проговорил околу иднината на најдобриот фудбалер во тимот Тимо Вернер. Напаѓачот најчесто се поврзува со Ливерпул и Баерн Минхен.

„Нема да го пуштиме за сума помала од 52 милиони фунти (58 милини евра). Нема да го продадеме под неговата пазарна вредност. Секогаш треба да си го поставиме прашањето: можеме ли да најдеме замена за таков играч доколку го продадеме за пониска цена? За ова ќе размислувам кога ќе добијам конкретни понуди“, рекол Минцлаф.

Според медиумите Вернер бил најблиску до трансфер во Ливерпул кај тренерот Јирген Клоп, додека соиграчот од репрезентацијата Антонио Ридигер го повикувал да се пресели во Челси.

Самиот Вернер неодамна изјави дека посаква трансфер во странство, а не во Баерн Минхен.

Scroll to Top