Top Sport

Сосиедад со „петарда“ за Ла Коруња (видео)

Реал Сосиедад на совршен начин ја прекина низата од четири порази во ред во Ла лига, со импресивна 5:0 победа над Депортиво Ла Коруња, кои остануваат во зоната за испаѓање.

Фановите во Сан Себастијан беа во шок откако нивниот дефанзивец Ињиго Мартинез потпиша за баскиските ривали Атлетик Билбао и покрај ветувањата за „верност“, и фудбалерите на Сосиедад се погрижија петокот навечер да им биде подобар со убедливата победа на „Аноета“.

Вилијан Жозе донесе предност во првото полувреме од 1:0, по што во второто Сосиедад уште четири пати ја тресеше мрежата на гостите – двапати преки Иљараменди и по еднаш преку Елустондо и Кањалес.

Сосиедад со победата е на 14. место во Ла лига со 26 поени, додека Депортиво се 18. со само 17 освоени поени.

Scroll to Top