РБ Лајпциг не успеа да освои три поени на гостувањето кај Мајнц, откако во првиот меч од 32. коло во Бундеслигата одиграа возбудливо реми 3:3.
Лајпциг дојде во водство во 20. минута преку Клостерман, кој 12 минути подоцна зголеми на 0:2 најавувајќи шеста победа во низа на Ред бул. Но, во 43. минута Мајнц се врати преку голот на Онисиво, пред на стартот на второто полувреме (49. минута), Тимо Вернер да ја врати предноста од два гола на гостите.
Сепак, Мајнц во 67. минута намали на 2:3, а Матета во 83. минута донесе поен. Лајпциг останува сигурен на треотот место во Бундеслигата, додека Мајнц се на 12. место, со сигурен опстанок.