Top Sport

Гол-шоу во Реџо Емилија, Сасуоло и Фиорентина одиграа 3:3 (Видео)

Фудбалерите на Фиорентина се спасија од пораз кај Сасуоло, во 15.коло во Серија, откако во перидот од 89. до 96.минута постигнаа два гола. Дуелот на стадионот во Реџо Емилија заврши 3:3.

Здодевен меч играа Сасуоло и Фиорентина се до 63.минута, кога Данкан го постигна првиот гол за домашниот тим, а пет минути подоцна Бабакар ја зголеми предноста. Симеоне во 70.минута со својот гол ја намали предноста на Сасуоло, а разликата на два гола ја врати Сенси.

Фиорентина повторно се доближи на гол негатива во претпоследната минута преку Бенаси, откако две минути претходно Сауоло остана со играч помалку на теренот. Црвен картон доби Србинот Филип Ѓуричиќ. На спротивната страна во 91.минита „поцрвене“ неговиот сонародник Никола Миленковиќ.

Конечните 3:3 ги постави поранешниот белгиски репрезентативец Кевин Мералас во 96.минута.

Scroll to Top