Top Sport

Лев отпишал двајца стандардни репрезентативци

Јоаким Лев, селекторот на германската фудбалска репрезентација, изјавил дека за наредните натпревари нема да ги повикува дефанзивците на Баерн Минхен, Матс Хумелс и Џером Боатенг.

Одлуката на Лев е очекувана, бидејќи, двајцата централни дефанзивци, не можат да ја најдат вистинската форма. Боатенг сезонава има одиграно десет, а Хулемс седум натпревари во Бундеслигата.

„Кога се во форма тие двајца можатд а и помогнат на репрезентацијата. Не играат добро во последно време, но не можеме да знаеме што ќе се случи за три или четири месеци“, изјавил Лев.

Боатенг досега има одиграно 76, а Хумелс 70 натпревари за германската репрезентација. Двајцата играа во Бразил, кога Германија во 2014 годија ја освои светската титула.

Scroll to Top