Леванте постигна три гола, но повторно остана без поени, откако на гостувањето на „Рамон Санчез Писхуан“ во гол-шоу загубија со високи 5:3 од Севилја во 10. коло од Ла лига.
Тимот на Енис Барди, кој влезе во игра во второто полувреме, останува без победа оваа сезона и се наоѓаат на претпоследното место на табелата со само 5 освоени поени, додека Севилја е нов лидер барем до „Ел класико“.
Тимот на Хулен Лопетеги доминираше во првото полувреме, постигнувајќи два гола преку Оливер Торес (8.), Рафа Мир (24.), пред Хозе Моралес да намали на 2:1. Диего Карлос во 38. зголеми на 3:1, Мунир Ел Хадади даде гол за 4:1 во 50. минута, пред Моралес во 55. минута да намали на 4:2. Гонзало Мелеро најави неверојатен камбек на гостите во 62. минута, но само две минути подоцна Регес зголеми на 5:3.