Top Sport

Гол-шоуто на Ибра „поништено“ со бизарен автогол (видео)

Златан Ибрахимовиќ постигна по еден гол во двете полувремиња, но Лос Анџелес галакси одиграа само 2:2 со Сиетл саундерс откако поголем дел од мечот играа со 10 играчи.

Даниел Стерес доби црвен картон уште во шестата минута за да спречи гол, по што Ибрахимовиќ израмни за Галакси во 45. минута со гол во глава. Во 65. минута тој беше соборен од Ким Ки-Хи во пеналтикот и зголеми на 2:1 од белата точка со 20. гол оваа сезона.

Сепак, победата избега за Галакси, откако Јерген Скјелвик во 82. минута си постигна автогол откако по одбранетата топка на голманот Дејвид Бингам ја смести топката во сопствениот гол.

Scroll to Top