Top Sport

Првпат по 818 дена, Реал е пред Барса!

Реал Мадрид ја започна сезоната со победа над Селта од 3:1 на „Балаидос“, додека Барселона загуби од Атлетик Билбао со 1:0 со гол во финишот на наптреварот, за „кралскиот клуб“ првпат по неверојатни 818 дена да е пред Каталонците на табелата во Ла лига. Или, се работи за точно 47 кола во шпанскиот шампионат.

Реал последен пат беше пред својот најголем ривал на табелата на Ла лига Сантандер на крајот на сезоната 2016/17, во која ја освоија титулата. Оттогаш, Реал имал моменти кога имал ист број на поени со Барса, но сепак бил зад нив на табелата поради гол-разликата. Лани, тие дури заостануваа 19 поени во еден од сезоната, најголема разлика во историјата.

Триумфот исто така го одблежува и првиот случај да се пред Барселона по првото коло од 2007/08, сезоната во која ја освоија титулата. Реал Мадрид во следното коло игра дома со Реал Валјадолид, додека Барселона го пречекува Реал Бетис на „Ноу Камп“.

Scroll to Top