Top Sport

Солари нема да си поднесе оставка

Реал Мадрид синоќа доживеа дебакл од Ајакс (1:4) со што ја заокружи најлошата недела во клупската историја. „Кралевите“ во една недела доживеаја два порази од Барселона и еден од Ајакс. Гол разликата во трите натпревари е поразителна 1:8.

Реал во една недела испадна од трката за сите трофеи во сезоната. Барселона го елиминираше од Купот на Шпанија, Ајакс од Лигата на шампионите, а поразот во првенственото „Ел Класико“ по кое Барса стекна 12 бода предност го исфрлија од трката за трофејот во Ла Лига.

Иако е разочаран од елиминацијата во осмина-финалето, во Лигата на шампионите, тренерот Солари нема намера да поднесе оставка.

„Не дојдов тука за да се откажам“, одговорил Аргентинецот на прашањето дали ќе се понесе оставка.

Scroll to Top