Иако се сметаше дека ќе имаат лесна победа над аутсајдерот, Салернитана, на фудбалерите на Наполи им беа потребни повеќе од еден час игра на „Диего Армандо Марадона“ да стигнат до водство.
Уругваецот Матијас Оливера во 62. минута го постигна голот со кој Наполи е на помалку од половина час од првото скудето по 33 години.
GOAL Mathias Olivera | Napoli 1-0 pic.twitter.com/W2iFNsnnI5
— 𝗽𝘂𝗿𝗾𝘀 (@purqseason) April 30, 2023