Top Sport

Рубљов и Зверев без проблеми во Мадрид

Русинот Андреј Рубљов се пласираше во осминафиналето на Мастерсот во Мадрид, победувајќи го Јапонецот Јошихито Нишиока со 6:2/7:5 за негова седма победа во низа на Мастерс 1000 турнирите по триумфот во Монте Карло.

Тој започна фантастично, освојувајќи го првиот сет со два брејка, за потоа Нишиока да покаже поголема упорност во вториот сет, спасувајќи три брејк топки, за во финишот Рубљов со брејк во 11. гем да ја осигура победата. Следен за него е добриот пријател и руски сонародник, Карен Хачанов, кој со 7:5/4:6/6:3 бешее пообар од Роберто Баутиста Агут.

Во осминафиналето е и Германецот Александер Зверев, кој го „збриша“ Французинот Иго Грение со 6:1/6:0 за помалку од еден час на теренот. Зверев во осминафиналето ќе игра со подобриот од мечот помеѓу првиот носител, Карлос Алкараз и бугарскиот тенисер Григор Димитров.

Scroll to Top