Top Sport

Голчиште на Езил, Арсенал се врати во Топ 4 (Видео)

Фудбалерите на Арсенал и Челзи забележаа минимални победи во натпреварите кои се одиграа во саботата во 18.коло во Премиер лигата.

Арсенал го пречека Њукасл, доминираше во поседот на топка, упати 20 удари кон голот на ривалот, а само еден заврши на вистинското место. Мезут Езил со фантастичен волеј во 23.минута му г донесе бодовите на Арсенал со кој тимот се врати меѓу најдобрите четири тима на табелата.

Еден гол го реши и победникот на „Стенфорд Бриџ“ помеѓу актуелниот шампион Челси и Саутемптон. Маркос Алонсо го совлада Фостер од слободен удар во третата минута од судиското надополнување на времето во првото полувреме.

Хадерсфилд забележа убедлива победа во Вотфорд 4:1. Качинга во шестата и Мој во 23.минута му донесоа предност од два гола на гостинскиот тим, а кога во 33.минута Трој Дини доби директен црвен картон беше јасно дека Хадерсфилд ќе ги освои трите бода. Депоитр потоа зголеми на 3:0, а Дукуре во 68.минута го постигна почесниот гол за Вотофорд, а Мој од пенал во претпоследната минута го постави конечниот резултат.

Scroll to Top