Top Sport

Реал ја одбрани светската титула (Видео)

Реал Мадрид ја одбрани титулата на Светското клупско првенство. Во финалето, во Абу Даби, европскиот првак го совлада шампионот на Јужна Америка, Гремио со 1:0. Кристијано Роналдо го постигна единствениот гол со кој Реал стана првиот тим кој успеал да ја одбрани титулата на клупскиот Мундијал.

Реал, кој се мачеше во полу-финалето против Ал Џазира и со пресврт избори победа 2:1, во финалето рутински се справи со Гремио.

Играчите на европскиот првак во текот на целиот натпревар ја имаа инцијативата, ушатија 20 удари кон голот на Гремио, од кои одеа во рамките на голот, а една во 53.минута заврши зад грбот на Грохе. Голот го постигна Кристијано Роналдо од слободен удар.

Две минути подоцна Португалецот постигна гол, кој беше поништен поради офсајд. Можност за втор гол имаше и Модриќ но неговиот удар од 17 метри заврши во дирекот.

До крајот на мчот шанса за гол имаше и Бензема, а потоа и Бејл се обиде (83.минута), но неговиот удар го одбрани Гроте.

Реал 2017 година ја заврши со пет освоени трофеи: Ла Лига, Лига на шампиони, Суперкуп на УЕФА, Суперкуп на Шпанија и Светско клупско првенство.

Третото место на Светското клупско првенство го освои Пачука. Мексиканците славеа над Ал Џазира со 4.1.

Scroll to Top