Top Sport

Голдсон го реши „Олд Фирм“ дербито

Ренџерс на „Селтик парк“ забележа победа од 2:0 над Селтик во најголемото дерби на шкотскиот фудбал. „Одл Фирм“ дербито го реши Конор Голдсон кој ги постигна двата гола за Ренџерс.

„Полицајците“ доминираа во текот на целиот натпревар и чудо е како не успеаја да постигнат уште некој гол.

Екипата на менаџерот Стивен Џарард првиот гол го постигна во деветтата минута кога по центаршутот на Џејмс Таверние највисок во скокот беше Конор Голдсон.

До крајот на полувремето, како вообичаено за најголемото шкотско дерби, имаше многу „оган“ на теренот и мал инцидент помеѓу капитенот на Селтик Браун и играчот на Ренџерс Морелос.

Надежите на Селтик дека ќе избегнат пораз во дербито ги уништи Голдсон со својот втор гол во 53 минута.

Ренџерси се лидери на табелата со 29 поени, четири повеќе од Селтик кои имаат и натпревар помалку.

Scroll to Top