Top Sport

Голеада во Дортмунд – Халанд со 2 гола и 3 асистенции против „орлите“

Норвешкиот фудбалер Ерлинг Халанд е најзаслужниот што Борусија Дортмунд на убедлив начин ја започна новата сезона во германската Бундеслига. Победа од 5:2 за милионерите, настрада тимот на Ајнтрахт Франкфурт.

Норвежанецот на овој меч зад своето име имаше 2 гола и 3 асистенции.

Искусниот Марко Ројс го отвори резултатот во 23 минута, па следуваше израмнување во 27 минута со несреќно постигнатиот автогол на Пашлак.

Хазард помладиот во 32 минута ги врати „милионерите“ во водство, а само две минути подоцна погодува и Халанд за водство од 3-1 на полувремето.

Во вториот дел Борусија продолжи во сличен ритам. Рејна беше стрелец на чевртиот погодок за домашната екипа, во 58 минута.

Халанд во 72 минута го постигна својот втор гол за преубедливи 5-1 на семафорот во Дортмунд.

Гостите од Франкфурт до крајот успеаја само да го ублажат поразот на конечни 5-2 со голот на Хауге кој е на позајмица во Ајнтрахт, од редовите на Милан.

Во следното коло Борусија играат со Фрајбург, а Ајнтрахт Франкфурт ќе го пречека Аугсбург.

Scroll to Top