Top Sport

Голеада во Кратово, Пелистер му зема бод на домаќинот

Нерешено 2-2 заврши првиот натпревар од второто коло во новата сезона во ПМФЛ. На стадионот во Кратово, домаќинот Силекс и гостинот од Битола, екипата на Пелистер по 90 минути ги поделија бодовите и со тоа останаа на првите две позиции на табелата.

Пелистер прв поведе на мечот. Стрелец за 0-1 беше Фазлиу во 6. минута.

До крајот на полувремето домаќините успеаја да го израмнат резултатот преку Мустафов во 43 минута.

Во второто полувреме домашниот тим стигна до предност. Ивановски со погодокот во 53 минута донесе водство од 2-1.

Сепак, битолската екипа успеа да стигне до реми благодарение на погодокот на Танушев во 74 минута.

По победите во воведното коло и по денешниот нерешен дуел двете екипи се на првите две позиции со по 4 бода.

Останатите 5 меча од второто коло на програмата се викендов, а се среќаваат:

сабота, 17 часот, Работнички – Беласица

недела, 17 часот, Академија Пандев – Вардар
Борец – Ренова
Шкендија – Струга Трим Лум
Шкупи – Македонија ЃП

Scroll to Top